Сано производна програма

Квалитетни производи и концепти за исхрана на животните

Како се постигнува тоа?

Одговорот е едноставен – јасни придобивки кој ги остварува потрошувачот со примената на Сано концептот, а тоа е подобрување на финансиските резултати на претпријатието.

Што ги прави Сано производите единствени и ексклузивни на пазарот?

Прво – нивниот состав. Сано производите содржат важни активни материи, кои производот го прават високо ефикасен; од кои голем број се резултат од сопствено истражување спроведено во соработка со партнерите и нашите стручни институции. Сите останати состојки се произведени од страна на реномирани производители, кои се сертифицирани, и се вградуваат во Сано производите потполно свежи, скоро директно од производната линија.

Второ – Советодавниот концепт. Сано производите се применуваат со високо стручно советување од страна на Сано советникот. Секој купец ја има на располагање оваа вредна услуга, чија цел е постигнување на оптимална економска ефикасност со Сано концептот, на секоја фарма на која се применува. При советувањето се користат најсовремени модели за пресметка на оброкот – од изборот на рецепти со оптимални цени, преку балансирањето на оброкот на ниво на енергија и протеини, потоа со оптимизирање на амино-киселинскиот состав со специјализирани компјутерски модели, до проценка на сварливоста на оброкот и опсегот на сопствената синтеза на протеини.

Трето – Строга програма за контрола на квалитетот и посебна служба која спроведува и обезбедува целосно следење на секоја поединечна компонента од производителот до консумацијата на храната кај животните, со сукцесивни методи на следење на резултатите и во текот на процесот на варење и подоцна производството.

Производните резултати се следат на ниво на целото стадо и секое поединечно животно со интегрирани електронски модели, што овозможува собирање на прецизни информации и комплетен увид во производните параметри, циклусот на репродукција и рана дијагностика на здравствени пореметувања.

Се заедно – како целосен систем овозможува постигнување на оптимални производни резултати  на животните со најнизок можен трошок, што доведува до зголемување на профитот на претпријатието – фармата – за производство на месо и млеко.

Вашиот директен контакт со нас

Сано – Современа прехрана за животни
+389 02 2600 041
+389 02 2626 960

Дознајте за нашите производи за здрав развој

Види резултати
39 резултати спрема бараниот критериум
39

Додатоци

Специјална храна

Назимка

Фаза на тов 2

Маторици

Породување
Период по одбивање
Лактација
Стелност

Pages