За Нас - Современа прехрана за животни
Решенија за современо производство на животни
Сано нуди ефикасен концепт за профитабилно производство на месо и млеко.
Што значи современо, што значи ефикасно, а што профитабилно?
Во повеќето земји, па така и во Македонија, сточарството се претвора од традиционално производтсво во современа индустриска гранка, која треба да обезбеди суровини за прехранбената индустрија спрема потребите на современиот потрошувач. Овие две индустриски гранки имаат за цел да ги задоволат прехранбените потреби на современите потрошувачи. Новите научни и технолошки достигнувања овозможуваат тие прехранбени потреби да бидат задоволени спрема највисоките стандарди и со поволни цени, бидејќи еден од основните цели на современото човештво е квалитетната храна да им биде достапна на сите луѓе.
Кога ќе се каже дека сточарството е индустриска гранка, не се мисли само на големите индустриски машини со илјадници животни. Напротив, индустриското производство се спроведува и на помали семејни домаќинства, но под два услова:
- Производот да биде стандардизиран, како би можел да се употреби во стандардизираните процеси на прехранбената индустрија, по барањата на пазарот.
- Производот да биде произведен со ниски трошоци, како би имал конкурентна цена.
Остварувањето на овие цели е цел и смисла на соработката на производителите со Сано, а се постигнува со примената на единствениот Сано производен концепт.