Здрав раст

Претпријатија за производство на месо или млеко

За постигнување на целите опишани во делот „За Нас“ се подразбира високо ниво на стручност и посветеност на работата: таа работа е повеќе од работа – тоа е предизвик, мисија и претприемачки потфат.

"Сано, заедно со соработниците во сите Сано фирми и држави има глобална одговорност, да секој ден, низ целиот свет и во значајна мерка, да придонесува за развојот на исхраната , здравјето и благосостојбата на животните, а се за доброто на природата и човекот.“

Современите производители (фармери) мора да бидат успешни деловни луѓе – претприемачи.
Претпоставка на секој успешен претприемач е дека неговото претпријатие постојано ќе расте, континуирано ќе го зголемува производството а со тоа и заработката со цел да се акумулира капитал.

Успешните претпријатија растат здраво – значи не како несовесни и високо-ризични инвестиции. Растот мора да биде здрав – врз база на здрави сопствени супстанции, кое е последица на ефикасно работење врз основа на висока продуктивност, ниски трошоци и финансиска стабилност.

Со оглед на тоа дека Сано израсна до денешните димензии токму со моделот за здрав раст, Сано на своите потрошувачи им нуди модел за деловен раст, преку примена на своите производи и услуги – како целосен деловен концепт.
 

Вашиот директен контакт со нас

Сано – Современа прехрана за животни
+389 02 2600 041
+389 02 2626 960
Ул. Босна и Херцеговина 55
1000 Скопје
Македонија