Сертификати
Високо ефективни производи и концепти за исхрана на животни

Сано стои зад квалитетот на секое ниво на создавање на нови вредности
Нашата цел е подобрување на процесот за здрав раст на претпријатието – нашиот потрошувач. На патот према таа цел чекориме доследно со помош на докажани и иновативни решенија. Нашата структуирана палета на производи повеќе од 40 години ја докажува својата применливост во пракса. Премикси, протамино производи, замени за млеко, дополнителна сточна храна, специјална сточна храна и средства за силирање се одликуваат со високо ефикасни состојки. Вградени се во научно базираните концепти за исхрана на животните. Освен тоа, нудиме бројни дополнителни производи и услуги за исхрана на стока кои се докажале во пракса, како и професионално водење на домаќинствата.
Високо квалитетни суровини – Сите наши производи за исхрана на животните се базираат на високо квалитетни состојки за да животните ги добијат токму оние хранливи материи кои им се потребни за здравјето и висока продуктивност. Еколошката безбедност и одржливост се под постојан надзор и оптимизација.
Најсовремена техника за производство – Нашето производство во целост се контролира компјутерски со постојано усогласување на целната и стварната состојба. Во рамките на тековното оценување персоналот во производството гарантира дека само совршена стока може да го напушти производството и да стигне до потрошувачот.
Највисоки стандарди за безбедност на производот – Безбедноста создава доверба. Заради тоа таа кај нас има највисок приоритет. Поставуваме највисоки стандарди за безбедност на работата на нашите вработени како и во процесот на набавката за производство и складиштењето на нашите производи па се до испораката до нашите потрошувачи.
Интерно и екстерно контролиран квалитет – За секоја производна линија е задолжен посебен персонал кој е одговорен за обезбедување на квалитетот на нашата добиточна храна. Доброволното сертифицирање од страна на многу независни организации го потврдуваат нашето барање за квалитет.
Интерните како и екстерните контролори го потврдуваат највисокиот квалитет на компанијата Сано на секое ниво на создавање на нови вредности, кои се огледуваат во сите сертификати кои се значајни во оваа производна гранка.