Сано Застапничка програма

Профитирајте од Сано

Секое претпријатие, без разлика дали се работи за трговци со земјоделски производи, или земјоделско домаќинство, денес се наоѓаат под голем притисок од конкуренцијата и трошоците.

Сигурно и вие имате конкретна представа за вашата иднина?

 

Сакате да си го зголемите својот профит, или да остварите дополнителна заработка?

Сакате да спроведете нови и проширени инвестиции?

Го гледате ли својот успех во едноставните и јасни концепти на производите? Сакате понатаму да ја развиете својата работа?

За сите Ваши идни цели, Сано застапничката програма Ви нуди атрактивни придобивки кои се единствени во оваа бранша. Запознајте го Сано и профитирајте од професионалната застапничка програма. Нашата програма е поделена спрема следните точки:

 

1. Сано советодавна и продажна поддршка

Станете Сано-застапник, како дел од регионалниот центар на компетентност. На целата територија во Македонија, Ви стои на располагање Вашиот личен Сано – стручен советник.

Заедно ги посетувате земјоделските домаќинства ориентирани према иднината. Понатаму профитирате и од редовните Сано продажни акции. Ако сакате да го средите Вашиот продажен простор, да изгледа како современ дистрибутивен центар, на располагање Ви стои посебен Сано дизајнер. 

 

2. Сано производи по врвни услови

Одберете ја Премиум марката Сано. Сите Сано производи во Сано концептот за исхрана се меѓусебно усогласени: за здрави животни, докажана е поголема ефикасност и оптимален раст на животните. Доброволното сертифицирање од страна на многу независни организации како што се  DLG, TÜV, QS или Pastus+/AMA-žig ги потврдуваат барањата на квалитетот кој, Вие како партнер, го очекувате. Палетата на Сано производите е прегледна и лесно применлива. Со стратегијата на Сано концептот, Вие како застапник јасно се издвојувате во однос на конкуренцијата. Профитирајте како Сано застапник од Сано бонусот за добредојде за Вашите први порачки.  

 

3. Сано програма за стручно усовршување

На Сано академијата ќе се стекнете со потребното знаење за почетокот на Вашата работа како Сано застапник. Профитирајте од размената на искуствата со колегите застапници и стручните лица на годишните конференции за застапници.

Ако сте заинтересирани за партнерство со фирмата Сано -стапете директно во контакт со нас, на телефон, нашиот продажен советник Ви стои на располагање.

Вашиот директен контакт со нас

Сано – Современа прехрана за животни
+389 02 2600 041
+389 02 2626 960
Ул. Босна и Херцеговина 55
Македонија