Сано Аграр Институт

Истражувања и развој усмерени кон иднината

Основа на квалитетот и успехот е иновацијата – од пракса во пракса 
Сано Аграр Институтот е институт за истражување и развој кој спроведува тестирања и експерименти за Сано групацијата која се применува низ целиот свет.

Фарма за одгледување на телиња
Единствениот Сано концепт за исхрана на телиња, со Сано замената за млеко, овозможуваат висок прираст и развој на пред-желудецот, што е предуслов телето да израсте во високо продуктивна крава.  Целта е, јуниците за 12 месеци да достигнат телесна тежина од 380 кг и бидат подготвени за осеменување, првото отелување да биде веќе на 22 месеци а тоа овозможува поголемо производство и до 2500 л млеко во животниот век на кравата.

Фарма за производство на млеко 
Домаќинството има отприлика 1.500 молзни крави со производство на млеко на повеќе од 12.800 л. Во соработка со истакнати стручни лица, од напредни европски земји, Израел и САД, на Институтот се спроведуваат практични истражувања и тестирања на иновациите во Сано концептот. Работата со заштитените аминокислини, метионин и лизин, незаситените масни киселини, пуферите и др., се  само некои од примерите за успешни истражувања кои се излезени од Сано Институтот.

Современо производство на растенија – за најдобар основен оброк 
Од тие причини Институтот врши посев на 2.000 ха пченка,трева, шеќерна репка, житарици и маслена репка. Во Сано Аграр Институтот се врши посев на 300 ха специјален вид на трева која е особено погодна за силажа за крави и јуници. Тревната жетва е целосно механизирана. Затоа е возможно во рок од неколку дена да се силира силажа за сопствени 1.500 крави и 1.000 телиња и јуници.  
 

Вашиот директен контакт со нас

Сано – Современа прехрана за животни
+389 02 2600 041
+389 02 2626 960
Ул. Босна и Херцеговина 55
1000 Скопје
Македонија