Cellusan70®

Природен концентрат на сурови влакна

Предности

Најдобра плодност
Најдобра конверзија на храна
Здрави маторици
Висока тежина при продажба
Лесно опрасување
Повеќе млеко
Многу прасиња

Целусан70® - Природен концентрат на сурови влакна за најдобра сварливост

 

Делувањето на Целусан70®

Суровите влакна им се потребни на свињите во сите фази од животот за да бидат здрави и продуктивни, само количините се различни. На пример, една спрасна маторица има потреба од ца. 7% сурови влакна во оброкот  за да биде сита и да го поддржи варењето. На дојните маторици им е потребно ца. 4% сурови влакна во  храната за да се спречи запекот. На прасињата им е потребно ца. 3-4 % сурови влакна во храната за да се спречи дијареата.
Но сепак, не е важна само количината на суровите влакна, туку и нивниот квалитет!
Решението е: Целусан70® – високо вредниот носач на сурови влакна за маторици и прасиња!

1

Карактеристики на производите

Целусан70® се состои од природни, посебно третирани дрвени влакна, т.е. лигноцелулоза. Целусан70® содржи висок удел од 70% сурови влакна, заради што количините на храна кои се мешаат со Целусан70®, за маторици и прасиња, споредбено ги задоволат потребите со сурови влакна.

  • Целусан70® содржи 70% сурови влакна – во споредба со тоа има само ца. 11% пченични трици. Тоа значи: 1% Целусан70® во оброкот може да замени 5% пченични трици!
  • Целусан70® има екстремен капацитет на извирање и задржување на водата до ца. 800% (четири пати повеќе од пченичните трици), што позитивно влијае на сварливоста кај свињите. Тоа добро се препознава по  добро формираниот измет.
  • Со Целусан70® спрасните маторици се сити. А ситите маторици се посмирени и има помалку абортуси.
  • Целусан70® е неутрален во основната храна за спрасни маторици, во спротивност на сувите резанци (содржат многу калциум), што значи многу помалку MMA заболувања.
  • Целусан70® го спречува затворот и го олеснува опрасувањето, што придонесува за повеќе живо родени прасиња по маторица годишно.
  • Целусан70® го зголемува производството на млеко.
  • Cellusan70® го зголемува дигестивниот тракт кај спрасните маторици, со што им се овозможува на маториците во време на лактацијата да внесуваат многу храна за поголемо производство на млеко.
  • Целусан70® го поттикнува пиењето на вода кај дојните маторици до (+20%) и така го зголемува производството на млеко.
  • Целусан70® ги намалува патогените бактерии во цревата и ја редуцира дијареата кај прасињата и MMA кај маториците.
  • Целусан70® го подобрува искористувањето на храната кај прасињата и ги намалува трошоците за храна.
  • Целусан70® е 100% ослободен од микотоксини и го поддржува здравјето на животните. То значи поголема добивка со помалку трошоци за ветеринари и трошоци од лоши резултати

Важно: Понудете им на Вашите свињи често и во доволни количини свежа вода!

Применливо во следниве животни- и производни фази:

Назимка

Фаза на тов 2

Маторици

Породување
Период по одбивање
Лактација
Стелност

Примена

Целусан70® со следниве содржини да се измеша во соодветните крмни смески:

  • Спрасни маторици:              3%
  • Дојни маторици:                  1%
  • Подготовка за опрасување: 2%
  • Назимки:                               2%
  • Прасиња:                              1%

Пред употреба дозволете целосниот оброк да го оптимира Вашиот Сано стручен советник за исхрана на животните. Животните да имаат постојано свежа вода на располагање.

Ветениот квалитет на Сано

  • Вредносни состојки
  • Сигурност на производот
  • Одржливост на животната средина
  • Транспарентен квалитет

Ние од Сано произведуваме за Вас високо квалитетна добиточна храна - за долгорочно здрави и производно способни животни.