Нашите вредности
Сано корпоративни вредности
Сано како семејна компанија која делува на светскиот пазар, во текот на годините изгради специфична деловна култура која се заснова на следните вредности:
Пријателство – Оние кои можат да се ослонат едни на други, и знаат дека и во добри и во лоши времиња се останува заедно, тоа се прави пријатели.
Мотивација – Да ги надминеме очекувањата, потрошувачите позитивно да ги изненадиме. При тоа, пред себе си поставуваме најголеми цели со цел секој ден да стануваме се подобри, и постојано да ги унапредуваме нашите производи и услуги.
Храброст – Секојдневно се соочуваме со предизвици, мали како и големи. Енергично, одлучно и храбро донесуваме одлуки и заедно чекориме по нови патишта.
Уважување – Искрена соработка, отвореност за други култури и одговорно користење на ресурсите.
Целина – Секогаш да се гледа целата слика – така заедно постигнуваме задоволство и успех. Тоа бара ефикасност во сите области и секако поттикнување на секој поединец во неговите предности и личниот развој.
Тоа се столбовите кои ни овозможуваат успешно и партнерско следење на нашите визии за здрав раст во современата исхрана на животните.