Методи на учење
Комбинирано учење како иновативна предност
Овде се работи за интегриран концепт на учење, кој оптимално ги користи можностите од интернетот во комбинација со класичните методи и медиуми на учење. На нашите учесници им овозможува учење, комуникација, информирање и управување со знаење, независно од местото и времето, во комбинација со размена на искуства, играње на улоги и лични средби во класичниот тренинг во текот на наставата.
Сите мерки на обука и усовршување комбинираат независно учење со тренинг, семинари, со индивидуално менторство и подучување.