Развој на персоналот

Загарантиран напредок во компанијата со постепено напредување

Историја на компанијата

Сано академијата гарантира квалитетна обука на Сано соработниците и обезбедува постојано усовршување.
Нудиме бројни обуки во областа на професијата и менаџментот, на пр.: 
•    Консултант специјалист/-ка и Стручен подрачен раководител/-ка: Успешни советници/-чки со темелно знаење за земјоделието имаат можност да се квалификуваат дополнително за стручно лице на одбрани клучни области, како што се: профитабилно производство на млеко, здравје на чапунките итн. Понатаму, располагаат со големо знаење во областа на економијата на домаќинствата, во оптимирање на оброкот како индивидуална изработка на напредни концепти за исхрана на животните.  
•    Програма за ментори: Сано програмата за ментори им нуди на консултантите - специјалисти/-ки одлична можност за проширување на своите надлежности во областа на менторството и настава. Како партнер, при учењето ве следат стручни советници и консултанти – специјалисти/-ки до успехот, и програмата за менторство може да се искористи како отскочна даска за професионална и менаџерска кариера.
•    Програма за обука на менаџери: На успешните советници/-чки им нудиме можност за понатамошен целен развој во правец на продажен менаџмент.  Врз основа на анализите за потенцијал и компетенција во прилагодена програма за развој влегуваат сите значајни аспекти на раководната позиција. По успешното совладување на сопствената продажна област со раководна одговорност се надоградува со содржини за успешно раководење на области, придобивање на соработници и раководење, како и контрола на продажбата. 
•    Усовршување за раководители/-ки на обуки: Искусните Сано советници/-чки можат да се надоградуваат за раководител/-ка за обуки. Техниките за презентација и реторичките способности се на високо ниво и се преземени, меѓу другото, од реномирани надворешни предавачи, како на пр. Анита Херман-Руес и Партнер, Калтенбах Тренинг и др.

•    Редовните национални и меѓународни средби на академијата гарантираат високо ниво на обука и усовршување надвор од сите национални граници.  
 

Вашиот директен контакт со нас

Сано – Современа прехрана за животни
Раководител на Сано Академијата
+389 02 2600 041
+389 02 2626 960
Ул. Босна и Херцеговина 55
1000 Скопје
Македонија