Стручни совети за исхрана на свињи
За многу прасиња и многу месо
Вредниот удел на кртина кај товните свињи зависи и од исхраната на спрасната маторица, бидејќи бројот на мускули се развиваат уште во матката. По породувањето уделот на немасно месо понатаму се одредува со развојот на прасето и дневниот прираст.
Подоцна, во шталите за тов, важно е животните да не се гојат премногу, а сепак да растат на високо ниво и со правовремено колење да се постигне оптимален процент на удел на кртина.
Овој пример укажува уште еднаш на взаемното делување кое настанува помеѓу животната и производната фаза.
Секој кој учествува во производство на свинско месо би требало во овие области да постигне најголем можен ефект.
Понатаму потребно е животните оптимално да се подготват за следната фаза. Тоа ја зголемува добивката во затворен систем и создава одлучувачка предност пред конкуренцијата во производството.
Значи, успешно производство на прасиња и квалитетно месо можно е само ако се оптимално задоволени потребите на животните во различните животни и производни фази.