Сано технологија за силирање на тревата
Целта на силирањето на тревата треба да биде да се добие силажа со висока енергетска содржина на килограм сува материја, максимално зачуван квалитет на протеини, без знаци на расипување, пријатен мирис и вкус за животните
Силирањето е вид на конзервирање на растенијата без присуство на кислород со помош на бактерии кои произведуваат млечна киселина. Од оваа едноставна дефиниција за силирање произлегуваат и факторите неопходни за да се направи квалитетна тревна силажа. Се започнува со производство на квалитетно растение кое сакаме да го конзервираме за да зачуваме што е можно повеќе хранливи материи во силираното растение.
Првиот чекор е косење на растенијата во фаза со оптимална содржина на влакна и најголема енергетска содржина на килограм сува материја. Полесно се силираат растителните видови кои имаат поголема содржина на шеќер, на пр. италијански рајграс, особено при првиот откос, а понизок пуферски капацитет (трева во однос на легуминоза).
По правило, тревите се косат во фаза на класање, првиот откос секако пред појавата на класот, по правило некаде кога растението е високо 25-40 см.
Косењето треба да биде на висина 7-8 см, поради оптималниот нов раст на растението, како и намаленото внесување на пепел/земја и следствено непожелни бактерии во масата.
По косењето во оптималниот момент на развојот на растението одлучувачко е адекватното провенување како дополнителен предуслов за квалитетно вриење во процесот на силирање. За тревите, пожелно е со провенување да се постигне сува материја помеѓу 30 i 40%, евентуално нешто повеќе при складирање на силажата во бали. Брзината на провенување зависи првенствено од временските услови (сонце, ветер). Целта е да се постигне посакуваната сува материја во најкус можен рок.
Кога растението е доволно провенето треба да се пренесе во силосот што е можно побрзо со адекватна обработка при собирање на масата (сечење) и квалитетно газење во силосот. Во зависност од сувата материја и зрелоста на растението препорачана должина на сечењето е 2-4,5 см. Правилото гласи: “колку е посуво по провенувањето и колку е постаро растението при косење, толку пократко треба да се исече”.
Правилна подготовка на силажата и затворање на силосот
При силирањето во силосот се препорачува слоевите од материјатот пред газењето да не бидат подебели од 25 до 30 см, за да може квалитетно да се изгази, односно, да се набие растителната маса и да се истисне воздухот. Машината за газење треба да има тежина од 1/3-1/4 од тежината на масата што за еден час влегува во силосот. Оптималната брзина на возење на машината за газење е 2-3 км/час. Целната вредност на збиеноста на масата во силосот, зависно од сувата материја на силажата, се движи од 210 до 230 кг сува материја по м3.
Кога ќе ја внесеме последната приколка со материјалот за силирање во силосот, доволно е уште едне час да се гази масата и потоа најдобро е веднаш силосот квалитетно да се покрие. Со квалитетно покривање се подразбира херметичко затворање на силосот така што воздухот повеќе не може да влезе во него. Ако сме го направиле тоа на тој начин , за неколку часа ќе можеме да видиме како се подига покривниот материјал на силосот, а тоа се должи на аеробната ферментација која се создава бидејќи бактериите кои за својот развој имаат потреба од кислород почнуваат да трошат кислород кој е останат испод подфолијата и ферментираат шеќери од растенијата па така настанува CO2. Тоа подигнување на покривот е знак за успешно херметичко затворање на силосот.
Секако, целта е со примена на квалитетна подфолија која ќе се залепи со масата за силирање за да остане што помалку воздух помеѓу масата и подфолијата за аеробната ферментација да трае што пократко, а условите за анаеробната ферментација да настапи што побргу.
Препорака за квалитетно покривање, секако, е користење на sидни фолии (во силосот), подфолии со намалена пропустливост на кислород (разлика во пропустливост и до 100 пати во однос на класична подфолија), бидејќи на тој начин создаваме поповолни услови за правилна ферментација на масата за силирање и повеќегодишни покривачи кои штитат од оштетување, со вреќи исполнети со чакал (до 2/3 висина на вреќа) на краевите и покрај sидовите на силосот (странични рабови). Препорачано време на конзервација пред отворање е најмалку шест недели.
Корисни млечно-киселински бактерии
Секое растение кое го силираме веќе на поле содржи корисни млечно-киселински бактерии кои со примена на правилна технологија на силирање водат процес во насока на навремено и доволно создавање на млечни киселини и успешно конзервирање на растенијата. Освен нив, меѓутоа, на зелените растенија се наоѓаат и бројни други бактерии кои се штетниици во процесот на вриење и можат да го одветат во непосакувана насока, како и квасци и мувла кои исто така можат да доведат до расипување, производство на непожелни и штетни сосојки, но и намалување на квалитетот и зголемени загуби во процесот на силирање.
Со примена на САНО Лабаксил Дуо комбиниран биолошко-хемиски додаток за силирање додаваме култури бактерии кои создаваат исклучиво млечни киселини, со истовремена примена на соли на органска киселина кои создаваат оптимални услови за развој на посакувани бактерии на млечно-киселинското вриење, а неповолни услови за непожелните бактерии, квасци и мувла како штетници на вриењто.
За време на процесот на силирање невозможно е да се избегнат одредени загуби. Тие почнуваат веќе на поле непосредно по косењето на растението, бидејќи процесот на метаболизмот на растенијата не застанува во моментот косењето. Продолжуваат во процесот на вриење, а ако технологијата на силирање не била адекватна можни се значителни загуби во силосот по отворањето на силажата и почетокот на користење во исхраната на животните. Се смета дека со правилна технологија на силирање загубата на енергија од изворниот материјал до силажата со која ги храниме животните можеме да ги сведеме на помалку од 10%, но исто така со неправилна технологија на силирање таа може да изнесува и повеќе од 40%.
Развојот на мувлата во силажата, гниење на масата, последователно загревање на силажата и слични појави се непожелни последици од грешки при силирањето.
Која е целта на силирањето
Целта на силирањето на трева треба да биде добивање на силажа со висока содржина на енергија по килограм сува материја (1. откос мин. 6,4 MJ NEL, останатите откоси повеќе од 6,1 MJ NEL), максимално сочуван квалитет на протеини (минимално распаѓање до амонијак), без знаци на расипување (гниење, развој на мувла), пријатен мирис и вкус за животните затоа што тоа ќе резултира со висока конзумација на таквата силажа и поголемо производство на млеко/месо од килограм сува материја од таквата силажа.
Животните претпочитаат да јадат силажа која содржи многу млечна киселина. Заради тоа, целта е да се постигне повеќе од 70% содржина на млечна киселина од сите киселини настанати во процесот на вриење.
Дали правиме силажа која го поддржува доброто здравје на животните, репродукција и оптимално искористување на нивниот генетски потенцијал во смисла на производство?
Единствениот објективен начин тоа да се процени е анализа на силажата од соодветна лабораторија. Квалитетната анализа на силажата вклучува испитување на хемискиот состав и хранливите вредности на силажата, но и проценка на нејзините динамички својства во организмот на животните. Ни дава информација не само за содржината туку и за квалитетот на протеините, не само за количината на кисели и неутрални влакна туку и за степенот и брзината на сварливост на влакната. Освен тоа, добиваме информација и за квалитетот на вриење преку количината и односот на органската киселина настаната во процесот на силирање. Секако, тука е и проценката на содржината на енергија во силажата, како и многу други корисни информации.
Една таква лабораторија, во која може да се испрати примерок за анализа , се наоѓа во САНО фабриката во Поповача, а резултат е на соработката на фирмата САНО и ЦВАС (CVAS) лабораторија од САД.
Резултатот од анализата ни служи од една страна за составување и оптимирање на оброкот врз основа на актуелната силажа која ни е на располагање, а од друга страна упатува на можноста и начините за подобрување на квалитетот на силажата која фармерот тек планира да ја прави. Целта би требало да биде обидот секогаш да се направи подобра силажа од претходната, а како прв чекор на тој пат ни служи анализата за квалитетот на постоечките силажи.
Автор: Перо Гнјидич, Сано СОЕ експерт за говедарство