Историја на компанијата

Од багажник во светот

Luftaufnahme Grafenwald

Приказната на компанијата Сано започнува 1976 година со основање на фирмата Сано-Млеко во Графенвалд, Долна Баварија. Основната дејност на фирмата Сано-Млеко во тоа време била дистрибуција на замени за млеко, подоцна палетата на производи се надополни со минерална добиточна храна. Неретко во тоа време стоката се продавала од багажник.

Во 1979 основачите го поставија камен темелникот за сопствен производен погон со изградба на првиот магацински простор. Фирмата Сано уште тогаш беше базирана на високи стандарди за квалитет. Така одлучија во1981. година да изградат сопствено производство. Водењето на фирмата го превземаа Бернхард и Еделтрауд Валдингер.

Од долна Баварија во Европа

Со поновото соединување и отварање на границите 1990. година започнува освојувањето на источните пазари. Најпрво, семејството Валдингер во 1996. година по катастрофалниот пожар во Графенвалд целосно одново го изгради производството и тоа во рок од шест месеци. Во 1999. година Сано изгради друг производен објект во Полска. Кога во 2003. година Ричард Валдингер, синот на Еделтрауд и Бернхард Валдингер, влезе во фирмата како директор, се покрена бран на меѓународна експанзија:  Истата година изграден е третиот производен погон во Поповача, Хрватска како и деловни и магацински простори во Александровац, Босна и Херцеговина. Две години подоцна, 2005. година Сано отвора производство во Нови Сад, Србија. Петтиот производен погон во 2005. година го основа во Ксему во Маџарска.  Сано гарантира севкупен раст во земјоделието. Затоа во 2008. година Саноп вложува во погон за преработка на житарици во Полска како и нови производни погони во Графенвалд. Со Сано Аграр Институтот во Полска, во 2009. Година фирмата постави камен темелник за сопствен завод за истражување и развој. Сано во тој референтен погон, тестира и развива еден од водечките млечни домаќинства во европа, нови производи и нови концепти за исхрана на животните. 

Во Долна Баварија во домот, во светот дома

Во текот на повеќе од 40 години традиција и историја Сано израсна од регионален понудувач во голема марка за минерална добиточна храна, замени за млеко и специјални производи за современа исхрана за животните низ целиот свет. Во 2009. Година, во Кина се отвора првиот дистрибутивен центар надвор од Европа. После година дена се гради сопствено производство во Јанглинг во Кина. Следи основање на дистрибутивен центар во Квит, Еквадор (2011. год.), основање на фирма Бионат-Сано во Мексико (2012. год.), изградба на производен погон во Јужна Африка (2013. год.) и основање на дистрибутивен центар во Чиле (2015. год.).

Со осум производни погони, со повеќе од 35 дистрибутивни фирми и претставништва, како и со повеќе од 700 соработници  низ целиот свет Сано сака здраво да ги храни животните а со тоа и човекот. Значи, Сано значи здрав раст, во секоја штала, низ целиот свет.

Вашиот директен контакт со нас

Сано – Современа прехрана за животни
+389 02 2600 041
+389 02 2626 960
Ул. Босна и Херцеговина 55
1000 Скопје
Македонија